8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени неколку демонстранти пред јапонската амбасада во Москва

Руската полиција уапси 11 демонстранти пред јапонската амбасада во Москва.

Тие протестираа против идејата на Јапонија да ѝсе отстапат спорните острови, објави „Ројтерс“.

Апсењето се случило пред разговорите меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и јапонскиот премиер, Шинозо Абе, за мировниот договор од Втората светска војна, кој би можел да го реши деценискиот територијален спор.

Спорните острови во Русија се познати како Курилски Острови, додека во Јапонија ги нарекуваат Северни Територии. Русија минатата недела објави дека нејзиниот суверенитет над островите не е доведен во прашање.