20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Најбогатите 26 милијардери во светот поседуваат богатство исто колку 3,8 милијарди луѓе

Светските милијардери секојдневно се збогатуваат за дополнителни 2,5 милијарди долари. Бројката на милијардери во светот достигна 2.208, што е двојно повеќе отколку пред 10 години. Милијардерите денес се најбогати од кога било, според извештајот на „Оксфам интернешнл“, пренесе Си-ен-ен.

Годишниот извештај е објавен пред Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, што почнува утре, а кој ги спојува некои од најбогатите и највлијателни луѓе во светот. Извештајот од 106 страници треба да го привлече вниманието на растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Заедничкото богатство на 26-те најбогати луѓе во светот минатата година достигнаа 1,4 трилиони долари – исто колку и вкупното богатство на 3,8 милијарди најсиромашни луѓе во светот.

Најголем дел од милијардерите се Американци, според листата на „Форбс“, која е искористена во извештајот на „Оксфам“. Меѓу нив се и основачот на „Амазон“ Џеф Безос, директорот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, сопственикот на компанијата „Беркшир Хетавеј“ и инвеститор Ворен Бафет, како и основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, кои заедно вредат 357 милијарди долари, според „Форбс“.