17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети како и над депонијата Дрисла, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.

„Според податоците од мерните станици, најзагадено е во Драчево, Кисела Вода, Црниче, Сопиште итн., каде досега немало такво загадување. Воедно инсистираме овие контроли да бидат зајакнати и континуирани во текот на викендите и празничните денови. Треба јавноста да биде информирана за степенот на загадувањето и да се даваат насоки за заштита на сите граѓани, посебно на децата, постарите лица и ранливите категории“, велат од партијата.