5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Прометот на Македонската берза порасна речиси 120 отсто

Растот на прометот на Македонската берза во 2018 година од речиси 120 отсто во однос на 2017 година е уште една потврда дека се гради стабилна деловна клима, се враќа довербата во македонската економија и оптимизмот кај инвеститорите, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„По растот на платите, зголеменото индустриско производство, растот на извозот и растот на бројот на вработени, зголемувањето на годишниот промет на Македонската берза е уште еден во низата показатели за успешноста на економските политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ. Со забрзувањето на интегративните процеси, со членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, ваквите позитивни економски трендови дополнително ќе се интензивираат и ќе обезбедат забрзан економски раст, повеќе инвестиции и нови работни места“, смета СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, како што се додава во соопштението, продолжува со зацртаните мерки што ја поставуваат економијата на стабилни основи, обезбедуваат раст и развој, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.