17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Приказната за едно момче: Што е вистинска среќа и богатство

Еден ден, таткото решил да го однесе својот син на патување во сиромашно село.

Целта на патувањето била да му покаже на својот син, како живеат сиромашните луѓе. Целта на патувањето била момчето да научи да го цени своето богатство.

Така стигнале до селото, на една фарма, кај едно сиромашно семејство.

Тие таму поминале неколку дена и на враќање таткото го прашал својот син дали му се допаднало патувањето.

– Беше сјајно тато, одговорило момчето.

– Дали забележа како сиромашните луѓе живеат?

– Да, забележав, рекло детето.

Таткото го замолил синот да му ги раскаже своите впечатоци од нивното патување.

– Па ние имаме само едно куче, тие имаат четири. Во нашата градина има базен, додека тие имаат река која нема крај. Имаме скапи лампиони, но тие ноќе имаат ѕвезди над своите глави. Ние имаме парче земја, додека тие имаат бескрајни полиња. Ние мораме да купуваме храна, а кај нив храната расте. Имаме голема ограда за да го заштитиме нашиот имот, а нив не им треба, бидејќи имаат пријатели кои ги заштитуваат.

Таткото бил зачуден, не можел да каже ниту збор.

– Фала ти, тато, што ме донесе да видам колку ние сме сиромашни, додало момчето.

Оваа приказна покажува дека вистинското богатство, како и вистинската среќа не се мерат со материјални работи.

Љубовта, пријателството и слободата се далеку повредни.