24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 100 мртви во епидемија на ебола во Конго

Министерството за здравје на Конго соопшти дека од епидемија на ебола во земјата загинале повеќе од 400 лица, особено на истокот и североистокот во земјата.

„Од почетокот на епидемијата загинаа 402 лица“, се наведува во соопштението и се додава дека 237 се излекувани, а за речиси 200 лица постои сомнеж дека се инфицирани.

Во Конго од 1975 година имало десет епидемии на ебола. Минатиот пат кога беше прогласена епидемија, починаа 33 лица. Крајот на таа епидемија беше прогласен во јули минатата година, а една седмица подоцна изби нова, десетта епидемија, во друг дел од земјата. Во големата епидемија на ебола во 2013 година во Западна Африка починаа повеќе од 11.300 лица, најмнногу во Гвинеја, Сиера Леоне и во Либерија.

Заболените од ебола добиваат треска проследена со болки во мускулите, нагло покачување на температурата, главоболка и пад на имунитетот, а понекогаш и крвавење.