24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт

Само Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска може да слават и да се гордеат дека го промениле името на државата и ги продале националните интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и неговите 81 послушници ја донесоа најсрамната и најцрна одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови, им нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но и на идните генерации.

СДСМ се обидува насилно да го проурка и законот за двојазичност. Овој закон урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници што живеат тука.

Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

Со објавување на законот во „Службен весник“, без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов, Талат Џафери, директорот на „Службен весник“, како и сите инволвирани, ќе одговараат.

СДСМ и Заев во мандат од две години не сработија ништо за да го подобрат животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните се разочарани поради губење на името, идентитетот, историјата и културата, а Заев тоа го прогласува како херојство. Зоран Заев ја зави Република Македонија во црнило. Заев, единствено што може да биде, е предавник на сопствената држава и граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија ѝ се потреби предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за да може граѓаните да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.

Македонија со СДСМ и Заев само оди назад и губи. За државата да оди напред, мора криминалниот картел, наречен Заев и СДСМ, да замине што побргу“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.