3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц: Одлуката на британскиот Парламент е лоша и за земјата и за ЕУ

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека би сакал да им остави време на Британците за да не дојде до премногу ненадеен излез од Европската Унија и нагласи дека за договорот за брегзит не може повторно да се преговара.

„Но, желбата за тоа мора да дојде од Велика Британија“, рече Курц.

Иако одлуката на британскиот Парламент беше очекувана, таа е лоша и за земјата и за ЕУ, додаде Курц во својата изјава по седницата на австриската влада.

Британскиот Парламент синоќа со 432 пратенички гласа „против“ и само 202 пратеници „за“ го отфрли договорот за брегзит што премиерката Тереза Меј го склучи со Европската Унија.

Спонзорирано: