14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија, објави „Гардијан“.

Против предлог-договорот за брегзит, кој британската Влада го усогласи со Брисел, гласаа 432 пратеници, а 202 го поддржаа.

Вечерашната одлука ќе го дефинира начинот за излез на Британија од ЕУ и ќе го одреди правецот во кој ќе се движи нејзината економија.

Меј во пресрет на гласањето уште еднаш ги повика пратениците да го поддржат договорот, нагласувајќи дека се работи за историска одлука со која земјата ќе живее со генерации.

Лидерот на опозицијата, Џереми Корбин, повика на гласање недоверба на Владата, што би можело да доведе до општи избори во земјата, пренесе Би-би-си.

Спонзорирано: