17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Американски војници убиени во напад на бомбаш-самоубиец во Сирија

Во експлозија во сирискиот град Манбиџ загинаа четири војници на САД, а тројца се ранети.

Војската на САД соопшти дека американските војници се убиени во експлозија при рутинска патрола во Сирија.

„И понатаму собираме информации и штом ќе имаме дополнителни детали ќе ја информираме јавноста“, објави американската војска.

„Ројтерс“ наведува дека бомбашкиот напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, се случи неколку недели откако претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ИД е поразена во Сирија и дека ќе ги повлече американските трупи од оваа држава.

Една од веб-страниците поврзана со ИД објави дека бомбаш-самоубиец со прслук со експлозив ја нападнал патролата на воената коалиција предводена од САД која извршува операции во Манбиџ.

Спонзорирано: