22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Наставниците кои протестираат во Атина се судрија повторно со полицијата

Наставниците кои протестираат во Атина се судрија со полицијата по вторпат за една недела. Учителите во основните училишта се судрија со полицијата за време на протестот против владините планови за промена на јавниот сектор. Насилството избувна кога демонстрантите професори кои се на 24-часовен штрајк, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот.

Некои демонстранти фрлаа огномет кон полицијата, која одговори со солзавец. Судирите беа краткотрајни. Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на протестот, држејќи транспаренти на кои пишуваше “Постојано вработување сега!”

Наставниците велат дека училиштата се недоволно екипирани и бараат создавање на дополнителни постојано вработување.Тие тврдат дека законот за образование кој е во тек на јавна расправа е неправеден за оние со долгогодишно искуство.

Спонзорирано: