10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи и Ахмети со орел од вкрстени раце , го честитаа официјализирањето на законот за јазици

Со вкрстени раце во вид на орел, Претседателот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот за евро-интеграции Бујар Османи, на Фејсбук го честитаа официјализирањето на законот за јазици.

Османи сподели фотографија со Ахмети и под која напиша

„Каков почеток на годината, каква чест сум јас сум ваш колега и вашиот соработник!Лидер!“

На социјалните мрежи пратеникот Артан Груби се пофали дека се што било ветено за албанците било исполнето.

„албанскиот јазик е објавен во официјалниот весник, интеграција во нато и еу, беше кажано, сторено ,јазична еднаквост, беше кажано, завршено ,системски реформи, беше кажано, сторено“, напиша Груби.

На честитките за јазикот се приклучи и вицепремиерот и еден од челниците на ДУИ , Хазби Лика.

„Употребата на албански јазик од нашето огниште веќе дури и во нашите институции и пошироко!честитки другар, законот за употреба на јазиците влезе во сила“, вели Лика.

Спонзорирано: