Неодамна објавени се пророштва кои ги предвидел најпознатиот пророк Мишел де Нотрдам, попознат како Нострадамус.
Нострадамус 1555 година ја објавил својата прва книга „Пророштва“ која ја напишал во стихови, а секој картен предвидува некое случување во иднина.
Некои сметаат дека ја предвидел и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, а постојат и пророштва за овие години.
Ова се стиховите на Нострадамус кои би требало да се однесуваат на овие времиња:
Поплави и суши
Виножито нема да биде видено 40 години. Идните 40 години ќе се гледа секој ден. Сува земја ќе има се повеќе, а и големи поплави кога ќе виножитото ќе се појави.
Конфликти
Голем човек ќе падне среде ден од силен гром. Злиот чин е претскажан од носителот на петицијата. Според предвидувањата, вториот ќе падне во ноќните часови. Конфликти ќе има во Лондон, а хаос во Тоскана.
Битка
Не толку долго, пред да изгрее сонцето, битката ќе започне. Големата нација нема да биде безбедна. Морското пристаниште нема да даде одговор, мостот и гробот ќе бидат во странски земји.
Мал одмор на Земјата
Чудовиштата згаснаа, светот ќе стане помал, долго земјите ќе бидат во мир. Луѓето безбедно ќе патуваат низ небото преку земјата и морињата, но тогаш борбите ќе започнат повторно.
Кралски скандал
Писма се пронајдени во кралска кутија без потпис и име на авторот. Измама ќе ги прикрие понудите, така што нема да се дозное кој е љубовникот.
Необична животинска форма
Лисицата ќе биде избрана, а да не проговори ниту еден збор, глумејќи светост во јавноста, а потоа од ништо ќе стане тиранин, ставајќи нога над грло на најголемите луѓе.
Ослабнат запад
Двапати поставениот и двапати соборен исток исто така ќе го ослабне западот. Неговиот противник, после неколку битки, ќе падне во потребно време.
Што од ова е вистина, многу е дискутабилно. Но, не е Нострадамус без причина најпознатиот пророк во историјата…