20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарија ги менува руските борбени авиони со американски

Бугарската влада одобри план за почеток на преговори за набавка на борбени авиони од типот „Ф 16“ од САД за да ја замени својата флота руски ловци „миг 29“, изјави министерот за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Владата предложи до парламентот да дозволи почеток на преговори со САД, со цел набавка на нови борбени авиони“, изјави Каракачанов, пренесе „Ројтерс“.

Белата куќа соопшти вчера дека американската влада е подготвена да соработува со бугарската влада за постигнување договори кои ќе бидат во согласност со бугарскиот буџет и оперативните барања.