6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претепаниот германски десничар се бори за живот

Повеќе луѓе го нападнаа Франк Магниц (66), шефот на десничарската партија Алтернатива за Германија, во Бремен во понеделникот вечер.

Магниц се враќал дома од приемот, кога тројца го онесвестиле со удар со летва и по паѓањето на подот, го газеле со нозете по главата.

Случаен минувач го спречил понатамошниот напад и повикал итна помош и полиција. Полицијата се сомнева дека тоа е политички мотивиран напад.

Магниц е во болница и има сериозни повреди.

Според медиумите, Магниц долго време беше гласач на ЦДУ, но во еден момент тој стана незадоволен од насоката на Ангела Меркел. Тој беше исто така голем противник на еврото. Му префрлуваа дека е расист, но минатата година тој рече дека жена му има турско потекло и дека неговиот колега потекнува од Куба.

„Во моето лично опкружување љубовта кон татковината и отвореноста кон светот не се исклучуваат”, рече Магниц.

„Денес е црн ден за демократијата во Германија. Магниц е во сериозна состојба и беше претепан речиси до смрт“ – изјави портпаролот на АФД, Јорг Мејтен.

Спонзорирано: