7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите паднаа на – 15 степени – УХМР излезе со метео предупредување

Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица времето ќе биде променливо и студено, се вели во метео предупредувањето на УХМР.

Утринските температури ќе бидат во интервал од -15 до -6, а дневните на повеќе места во текот на целиот ден ќе се задржат под нула.

Благо покачување на дневните температури ќе има во недела кога се очекува да бидат во интервал од -3 до 6 степени, а ќе има и повремен слаб снег.