13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет тинејџерки загинаа во пожар додека славеле роденден во Полска

Пет тинејџерки загинаа во пожар додека го славеле роденденот на нивниот пријател во Полска. Полицијата и службениците за пожар се ‘уште се обидуваат да дознаат како се запалила собата, во која ги загубија животите 15-годишни девојчиња, а едно момче е хоспитализирано со тешки изгореници.

Пожарот избувнал во таканаречена „Ескејп рум“ во северна Полска.Во играта „Ескејп рум“, учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат повеќе загатки.

Портпаролката на полицијата во полскиот град Кошалин информира дека телата на девојчињата биле пронајдени откако пожарникарите го изгаснале пожарот, кој избувнал околу 17 часот по локално време.

,,Сочувствуваме со семејствата на жртвите во нивната болка. Пожарот избувна во 5 часот попладне во една од просториите на ,,Ескејп рум”. Има пет жртви, петмина млади жртви, им обезбедивме психолошка, психијатриска нега на семејствата , изјави градоначалникот на Кошалин, Пјотр Једлинкси.

,,Генералот Лежек Суски (полски командант на противпожарните бригади) донел одлука дека од утре сите простории за бегство, центри за игри и клубови ќе бидат подложени на инспекции за заштита од пожари, со посебно внимание посветено на плановите за евакуација, патеки за бегство на овие локации”, изјави Томаз Кубиак, офицер за противпожарната служба Кошалин.

Според него, треба да има модератор на секое место што ќе ги отклучи собите и ќе ги пушти луѓето надвор. ,,Ние ќе го провериме ова и ќе биде строго контролирано”, додаде тој.

Полскиот претседател Анджеј Дуда на Твитер изрази жалење за катастрофална трагедија во Кошалин.

Спонзорирано: