22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го објави повикот за кандидати за претседател на државата

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го објави јавниот повик за пријавување кандидати за претседател на државата за изборите што ќе се одржат во април годинава.

„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање најдоцна до 31 јануари до 18 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, на плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1. Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

За избор на кандидат ќе се гласа на конвенција на партијата на која ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.

„Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од една третина од вкупниот број на делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање“, појасни Арсовски.

Спонзорирано: