8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спречена трагедија: Пожар во Нов Пазар, пожарникарите извлекоа бебе од огнената стихија

Од пожар што избувна доцна синоќа на приземјето на станбена зграда во Нови Пазар, беше спасено едно бебе, кое било заглавено во некој од становите и чиј живот се наоѓал во опасност, пренесуваат српските медиуми и додаваат дека за среќа, по брзата реакција на лекарите, нејзиното здравје се стабилизира.

Во пожарот според првичните информации нема други повредени.

Во гасењето на пожарот, освен пожарникарите учествуваа и голем број граѓани, кои исто така помогнаа и да се евакуираат станарите.

По пожарот, медицинскиот персонал ги прегледал сите станари, и тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Причината за пожарот засега е непозната.