20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху и Помпео без договор за продажбата на авиони Ф-16 на Хрватска

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот државен секретар Мајк Помпео не успеаја да ги отстранат пречките на американската администрација за продажбата на модифицираните авиони Ф-16 на Хрватска, објавија израелски официјални лица.

Нетанјаху и Помпео разговараа на маргините на инаугурацијата на новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро, а израелски извор вели дека прашањето на продажба на авиони е „заглавено во длабока бирократија” и дека тоа всушност е единствено прашање за кое Американците и Израелците не се согласуваат.

Трамповата администрација сака Израел да ѝ продаде на Хрватска 12 авиони Ф-16, како што се оригинално произведени, без технолошката надградба што ја правеле Израелците. Хрватската влада инсистира на „израелската верзија” на авионите и тврди дека во спротивно ќе се откаже од договорот.