20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Милиони жени од Индија излегоа на протест поради нееднаквоста на половите

Милиони жени во јужната индиска држава Керала направија човечки синџир долг 620 км во борба за еднаквост, тие се фатија за раце покрај патиштата и автопатиштата во индиската држава Керала на првиот ден од 2019 година за да испратат силна порака за родова еднаквост. Тие се борат за поддршка на родовата рамноправност, како и одговор на протестот на хинду-свештениците и конзервативците кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во храмовите, објавија тамошните медиуми.

Комунистичката партија на Индија објави дека протестот собрал околу 5,5 милиони жени.

Влегувањето на жените на возраст од 10 до 50 години во храм беше неформално забрането пред многу години, а забраната официјално беше преточена во закон во 1972 година.

Државниот суд во Керала ја поддржа забраната во 1991 година, но Врховниот суд на Индија во септември 2018 година ја укина.