20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин дивеел на автопат во Хрватска со 254 километри на час

Македонски државјанин вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, возел со брзина од 254 километри на час, објави агенцијата „Хина“.

Полицијата вчера запрела македонски државјанин со автомобил со германски таблички кој возел со брзина од 254 километри на час кај Нова Градишка. Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот „рекордер“ вчера околу 12 и 45 часот. Тој бил исклучен од сообраќај и добил парична казна.

Ограничувањето на брзината на автопатот е 130 километри на час.