23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер загрижен за романското претседавање со ЕУ

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод-Јункер изрази загриженост во врска со претстојното романско претседавање со Европската Унија, иако Романија, како што наведе, технички е добро подготвена.

Романија треба на 1 јануари да го презеде ротирачкото претседателство на ЕУ, на период од шест месеци во време кога во земјата владее политичка поделба и спорни реформи во правосудството.

„Мислам дека владата во Букурешт, уште не разбира сосема што значи преземањето на претседателството на земјите во ЕУ“, изјави Јункер за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

„За преговори потребна ви е подготвеност да ги слушате другите и волја да ги отфрлите вашите желби. Имам извесни сомнежи“, нагласи Јункер.

Романија го презема претседавањето со Унијата од Австрија.

Спонзорирано: