18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Законот за медиуми помина со 79 гласа „за“

Власта и опозицијата едногласно го донесоа Законот за медиуми.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска рече дека ова законско решение нема да ги отстрани сите аномалии, но е отскочна штица за реформите. Најави дека ќе поднесат предлог за измените и дополнувањата на Законот.

Министерот Манчевски рече дека се отворени за дијалог и нема да има проблем со функционирањето, а подзаконските акти ќе се носат заедно.

Во рок од 30 дена треба да се распише оглас за избор на членовите на Советот на МРТ и Агенцијата за медиуми, но поради претседателските избори ќе се изберат кон средината на годината.