12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ненад е убиен во стравична експлозија во Земун – разнесен во автомобил под кој имало бомба

Синоќа во 19:45 часот на Улицата „Цар Душан“ дошло до експлозија во возило во движење.

Во експлозијата настрадал 48-годишниот Ненад Б. од претходно познат на полицијата.

Убиениот во своето дебело досие имал и убиство и обид за убиство.

Како што „Ало“ неофицијално дознава Н.Б. живеел во Земун, а по потекло е од БиХ, но животот го однел во Австралија и Америка од каде се вратил во Србија пред 6 месеци.

Н.Б. не е сопственик на автомобилот под кој била поставена бомба, која убиецот, најверојатно ја детонирал од непосредна близина.

Во моментот на експлозијата во возилото било и кучето на Ненад, кое за чудо преживеало.

Мотивот за убиството засега не е познат.

Истрагата е во тек.

Спонзорирано: