20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Ова се најстудените места на Светот: Тука живеат само најхрабрите!

Ако помисливте дека зимата во нашата земја ја премина секоја мера, обидете се да замислите живот на овие места. Додека во Македонија веќе со недели температурите се во длабок минус, тоа не е ништо во споредба со овие места.

1. Јакутск, Русија

Ова е еден од бројните градови во сибирскиот дел на Русија каде температурите редовно паѓаат на минус 45 степени Целзиусови, со измерен рекорд од – 63 степени.

2. Бароу, Аљаска

Најсеверниот град на САД со популација од повеќе од 4.500 луѓе ретко кога живее во температурен плус, тоа се случува дури на почетокот на јуни, додека просечните јулски температури се околу 4 степени.

3. Фрејзер, Колорадо

Прекарот на овој град е „фрижидерот на државата“, а просечната температура таму во текот на цела зима изнесува – 17 степени.

4. Астана, Казахстан

Овој главен град дефинитивно е еден од најстудените на светот, а температурите таму паѓаат на -40 степени.

5. Стјордал, Норвешка

Целиот регион кој се состои од неколку градови е замрзнат барем третина од годината, со просечни температури од – 16 степени.

6. Харбин, Кина

Кинескиот град често е  на – 23 степени Целзиусови, што им овозможува на милиони луѓе да уживаат во тамошниот интернационален фестивал на снегот и ледот.

7. Улан Батор, Монголија

Монголскиот главен град за време на зимските месеци често го погодуваат температури од – 28 степени Целзиусови, а има преку милион жители.

8. Станица Конкордија, Антарктик

Француско-италијанската истражувачка станица Конкордија на антарктичката низина е една од научните станици во близина на Јужниот пол, со температури од – 117 степени Целзиусови. За среќа, таму никој не е постојано населен, туку има само повремени посетители.

9. Ојмјакон, Русија

Уште еден сибирски град кој е познат како најстуденото населено место на светот. Ојмјакон има забележано рекорд од – 70 степени Целзиусови.