17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ:Поради неспособноста на СДСМ, Македонија стана најзагадена држава во Европа

Изминативе денови градовите во Република Македонија беа меѓу најзагадените градови во светот. СДСМ покажа дека е неспособен да го реши проблемот со загадениот воздух. Ветуваше итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат спроведено, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, поради неспособноста на СДСМ, Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот.

,,Да потсетиме дека ноторна лага е дека во времето кога Христијан Мицкоски ја извршувал функцијата директор на ЕЛЕМ поскапела цената на струјата за 100%. Во неговиот мандат компанијата бележеше рекордно производство на струја, а вистинската причина за поскапената струја во државата треба да ја бараат во бонбона-бизнисот на Шекеринска што го направи во 2005 година. Тогаш го продадоа Електростопанството на Македонија исто како што сега ги продава националните и државните интереси.

СДСМ го интересира само расипнички да го троши буџетот од кој, патем, скратува токму на ставката животна средина. Поради СДСМ е целосно сопрен процесот на вистинска гасификација во државата и нема абер да се почне секундарната и терциерната мрежа. Овој проект не само што ќе помогнеше во борбата со аерозагадувањето, туку и ќе обезбедеше евтин енергенс за граѓаните. Освен паралелна изградба на секундарната, а потоа и изградба на терциерната гасификациска мрежа ВМРО-ДПМНЕ предложи сет конкретни мерки за справување со аерозагадувањето.

Да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните да бидат поставени во близина на РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ во Кичево, како и Дрисла, а мобилните во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови каде ШТО загадувањето е алармантно.Инспекциските служби, под итно како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно со тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се преземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.

Да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите.Заев, Макрадули, Шилегов и СДСМ треба да знаат дека поради нивната негрижа околу 3 000 лица во Македонија умираат поради загадувањето.Државата и граѓаните се жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го реши проблемот со загадувањето. Затоа граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите црнила што ѝ ги нанесе на Македонија, се додава во соопштението.