17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет неработни дена за Нова година и Божик

По повод претстојните празници – Нова година и верскиот празник Божик за вработените од православната вероисповед во Црна Гора, неработните денови во Црна Гора ќе бидат 1, 2, 6, 7 и 8 јануари, објави тамошното Министерство за труд.

Како што се наведува, според законот за државни и други празници, Новата година ќе се слави во вторник на 1. и среда на 2. јануари.

Верниците од православна вероисповед право на платено отсуство ќе имаат и на 6, 7 и 8 јануари кога ќе се празнува верскиот празник Божик.

„Државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните установи, јавните претпријатија и другите субјекти кои вршат дејности од јавен интерес се должни во празничните денови да обезбедат извршување на работата на работните места каде што прекин може да предизвика негативни последици за граѓаните или државата“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за труд и социјална заштита.