23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Доказите на Чавков ги одложија рочиштата за крвавиот четврток

Рочиштата закажани за денеска и утре за крвавиот четврток се одложени поради барањето од судот за декласификација на доказите од МВР по барање на обвинетиот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Судењето најверојатно ќе продолжи в среда. Последното рочиште за случајот се одржа во петокот кога беа изведувани дополнителни материјални докази од страна на бранителот на Чавков, Сашко Дукоски.

Утре истекува рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за настаните од 27 април минатата година. Досега барање за амнестија изјавија дека ќе поднесат обвинетите Крсто Мукоски, Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, а најверојатно денеска барање ќе поднесат и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа.

По барањата за амнестија судот има рок од 5 дена да одлучи по прибавено мислење од надлежниот јавен обвинител Вилма Рускоска. Сè уште е непознато дали одлуките ќе ги носи Судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска или, пак, кривичен совет на Основното јавно обвинителство составен од 3 судии. По одлуката на судот за амнестијата, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена.

Како што изјави обвинителката Рускоска, оние кои нема да бидат опфатени со Законот за амнестија се враќаат назад во судски процес. Обвинителката во неколку наврати истакна дека се води предистражна постапка за организаторите на крвавиот четврток. Во истражниот затвор во Шуто Оризари моментално се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој во неколку наврати беше споменуван како организатор на настаните од страна на обвинетите.

Спонзорирано: