26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагичен крај во страшниот пожар во Прилеп – почина едно лице

Старица загина во пожар што се случил вчера во куќа во Прилеп.

Според информациите на МВР, околу 20 часот, на улица Митко Цветановски, во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар.

Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарна екипа, а во куќата М.К. била пронајдена мртва. Од МВР велат дека смртта настапила најверојатно од задушување со чад.

Извршен е увид на местото на настанот.