11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија

Албанија случајно на интернет објавила чувствителни информации за своите најистакнатите разузнавачи, пишува „Индипендент“.

Британскиот весник наведе дека биле објавени нивните имиња, возилата што ги користат, нивната оперативна улога, каде патуваат, како и нивните секојдневни навики.

Весникот додава дека Албанија за ова може да сноси последици и додава дека таа е членка на НАТО.

Податоците за нивните плати и трошоци, според весникот, се објавени на страната на албанското Министерство за финансии и откриваат детали во врска со приходите на разузнавачките служби, вклучувајќи ја и локацијата на службениците, исплата на пари, па дури и каде тие одат на стоматолог.

Извештајот ги покажува имињата и броевите од документи за идентификација на агенти што работат во Албанија и надвор од земјата вклучувајќи и две лица што имаат чувствителни работни места во седиштето на НАТО во Брисел.

Откриени биле имиња на најмалку осум истакнати албански оперативци ангажирани во Белгија, Грција, Италија, Македонија, како и во Косово и Србија, додава британскиот весник.

Во упатството се наведува дека функционерите на СИС ја препознале чувствителноста на овие податоци.

Еден официјален претставник изјави дека принципот е сè она што агенцијата го прави треба да биде тајно, но дека сите правила и прописи треба да се почитуваат“.

Експертите во безбедноста и разузнавањето велат дека се изненадени од овој случај, кој агентите би можел да ги стави во деликатна позиција. Како што посочија експертите, сега агентите би можеле да бидат изложени на контрола или уценувани.

Неименувана портпаролка на НАТО не сакаше да ги коментира прашањата поврзани со овој инциденет, објави „Танјуг“.