14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фотографијата е од архивата на Centar.mk и се користи за илустрација
МАКЕДОНИЈА

Тројца Албанци уапсени кај Ќафасан

„На 22.12.2018 година во 01:40 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на село Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. на возраст од 56 години, Е.Ч. на возраст од 24 години и Н.Х. на возраст од 40 години од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, во текот на ноќта, како што информираа од полицијата пресече уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што заплени околу 60 килограми марихуана и приведе три лица, државјани на Албанија.

Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана“, наведуваат од полицијата.

Од МВР додаваат дека во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Спонзорирано: