23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео: Остануваме посветени на борбата против Исламска држава

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео соопшти дека САД и натаму остануваат посветени на борбата против Исламската држава.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео на ирачкиот премиер Адел Абдул Махди му соопштил дека САД се уште се посветени на борбата против Исламската држава во Ирак, како и во останатите области, и покрај планираното повлекување на своите војници од Сирија, соопшти Кабинетот на Махди.

Абдул Махди и Помпео разговараа за повлекувањето на војниците, но и за одлуката на Вашингтон да додели 90 дена суспензија на санкциите против Иран, што ќе му овозможи на Багдад да купи електрична енергија од Техеран, се вели во соопштението.

САД пред неколку дена ги повелкоа своите војници од Сирија, а Белата куќа соопшти дека Исламската држава е поразена.

Во текот на вчерашнито ден американски претставници кои останаа анонимни соопштија дека САД планира и повлекување на дел од војската од Авганистан.

Спонзорирано: