Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека присуството на американската војска во Сирија е „нелогично и претставува извор на тензии”.
„Влезот и присуството на американските сили во регионот од самиот почеток беше грешка, нелогичен потег и извор на тензии и главна причина за нестабилност”, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми, пренесува агенцијата ИРНА.
Претходно американскиот државен секретар, Мајк Помпео соопшти дека САД и натаму остануваат посветени на борбата против Исламската држава, и покрај планираното повлекување на своите војници од Сирија.
САД пред неколку дена ги повелкоа своите војници од Сирија, а Белата куќа соопшти дека Исламската држава е поразена.
Во текот на вчерашниот ден американски претставници кои останаа анонимни соопштија дека САД планира и повлекување на дел од војската од Авганистан.