12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски со моќна порака: Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат!

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски денеска беше во посета на старата градска чаршија во Прилеп, каде оствари средба и разговори со граѓаните, дуќанџиите, луѓето од еснафот.


„Огромно задоволство ми претставува тоа што гледаме една нова слика и нов ентузијазам. Ја нема загриженоста на нивните лица и го нема стравот од неизвесноста во работата со нивните бизниси.

Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните, упропастување на бизниси, драконски казни и рекет што беше одлика на криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат.

Безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски, кое денеска тука во Прилеп организира уште еден протест за одбрана на криминалот, нема никаков план“, изјави Кирацовски за време на посетата.