12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Голема промена на времето: Доаѓа студ и снег за празниците

Времето денеска во Скопје ќе биде облачно и магливо, а преку денот краткотрајно маглата ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 2 степени, информираат синоптичарите.

По котлините претпладне ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено време. Во текот на денот времето ќе биде сончево особено на повисоките места и со мала до умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, посочуваат од УХМР.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда.