20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Безбедноста на германските аеродроми засилена по заканите за терористички напади

Безбедноста на аеродромот во Штутгарт беше значително засилена кога медиумите пренесоа дека постои закана од терористички напад.

Портпаролот на градската полиција потврди дека бил зголемен бројот на полицајци, но одби да коментира во врска со тврдењата дека осомничени исламисти ја сликале зградата на аеродромот.

Вооружените припадници на полицијата патролираа и на други аеродроми во земјата, меѓу кои „Карлсруе/Баден-Баден“, „Фридрихсхафен“ и „Манхајм“. Безбедносните патроли ќе продолжат, изјави портпаролот на федералната полиција.

И помалите германски аеродроми ја засилија безбедноста како мерка на претпазливост.

Весникот „Тагесшпигел“ објави дека неколку осомничени терористи биле забележани на безбедносните камери поставени на аеродромот во Штутгарт.