15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

13 рудари загинаа во експлозијата во рудникот во Чешка

Во експлозија на метан во рудникот во источниот дел на Чешка загинаа 13 рудари, од кои 11 се од Полска, а двајца се од Чешка, соопштија официјални лица.

„Несреќата не ја преживеаа 13 рудари, од кои 11 се од Полска, а двајца се чешки рудари. Во болница тројца рудари кои се повредени. По затворањето на спасувачката акција сега заседава специјална комисија која ќе ги утврдува причините за оваа несреќа“, изјави на прес-конференција портпаролот на сопственикот на рудникот.

Седум од повредените рудари се со помали повреди и се пуштени на домашно лекување, а тројца беа веднаш однесени во болница со сериозни повреди. Еден од нив беше опериран и во критична состојба.

Во Чешка пристигна и полскиот премиер, а рудникот ќе го посети и чешкиот премиер. Тие посочија дека ќе се обидат колку што можат да им помогнат на повредените рудари, како и на семејствата на загинатите.

Спонзорирано: