22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Бразил покренато обвинение за корупција против претседателот

Бразилскиот обвинител, Ракел Доџ покрена обвинение против претседателот, Мишел Темер поради корупција и перење на пари, во рамки на истрага за концесии за пристаништа, соопшти нејзината канцеларија.

Темер, кој ја напушта функцијата на 1 јануари, e под истрага поради наводно примање мито во замена за издавање одобренија од 2017 година, со цел концесијата за две пристаништа да се продолжи до 70 години, пренесе „Ројтерс“.

Од кабинетот на бразилскиот претседател е соопштено дека тој ќе докаже оти немало неправилности и ниу една компанија не остварила незаконска добивка.

На Темер може да му се суди додека е на претседателската функција, само доколку долниот дом на бразилскиот конгрес изгласа дека може, што нема да се случи додека тој не ја напушти функцијата.

Обвинението сепак ќе остане на сила и Темер најверојатно ќе мора да се соочи со него следната година.

Спонзорирано: