12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Аеродромот Гетвик затворен поради беспилотни летала

Аеродромот „Гетвик“ во Лондон доцна синоќа беше затворен, бидејќи две беспилотни летала биле забележани како прелетуваат над пистата. Поради сомнителните беспилотни летала откажани беа сите летови, што предизвика големи проблеми поради тоа што се приближуваат божиќните празници, пренесува АП.

Полицијата се уште го истражува случајот, а за тоа време летовите се пренасочени кон други аеродроми во Велика Британија, но и соседните земји.

Голем број патници се жалеле преку социјалните мрежи дека слетале на „Хитроу“ и на аеродромите во Манчестер, Бирминген и други градови, додека некои напишале да наместо во Лондон, слетале во Франција или Холандија.

Аеродромот „Гетвик“ им порача на патниците преку Твитер, да го проверат распоредот на летови пред да тргнат на аеродром. Во официјалното соопштението на аеродромот им се извинува на патниците со образложение дека безбедноста е на првото место.

Гетвик е многу прометен аеродром, кој работи и во текот на ноќта, за време на зимските месеци на него во текот на ноќите има од 18 до 20 летови.