Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп за повлекувањето од Сирија: Време е други да се борат

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ја бранеше својата одлука за повлекување на американските трупи од Сирија.

По одлуката, Трамп се најде на низа критики од страна на некои републиканци, а сојузниците изразија загриженост.

По низата критики што ги доби неговата одлука, Трамп на својот „Твитер“ напиша дека дошло време другите, конечно, да се борат.

Пентагон доцна синоќа објави дека го почнал процесот на враќање на американските трупи од Сирија, додека САД започнале транзиција кон следната фаза од кампањата.

„Коалицијата ја ослободи територијата што ја држеше Исламската држава, но кампањата против оваа организација не е завршена“, рече портпаролката на Пентагон, Дана Вајт.

Дека САД почнаа да ги враќаат војници од Сирија додека се движат кон нова фаза од кампањата против Исламската држава, претходно соопшти и Белата куќа, тврдејќи дека територијалниот калифат на таа екстремистичка група е поразен.

„Овие победи над Исламската држава во Сирија не го означуваат крајот на глобалната коалиција или нејзината кампања. Почнавме да ги враќаме американските војници дома додека се префрламе на следната фаза од кампањата“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Спонзорирано: