12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Либерман: Повлекувањето на САД од Сирија може да предизвика војна

Поранешниот министер за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, предупреди дека одлуката на претседателот на САД за повлекување на сите американски војници од Сирија може да доведе до војна.

Како што истакна, може да има војна меѓу Израел и силите поддржани од Иран на северната израелска граница.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера објави дека американските војници ја напуштат Сирија бидејќи џихадистите на Исламска држава се поразени.

„Повлекувањето на САД од Сирија значително ги зголемува шансите за конфликт на северот и во Либан и Сирија”, рече Либерман за „Радио Израел“. Либерман поднесе оставка во ноември поради благ одговор на Израел на насилството во Газа, тој исто така додаде дека одлуката на САД може да доведе до големи стратешки промени во регионот.

Спонзорирано: