16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ започна истрага во врска со хакерскиот упад во мрежата за дипломатски комуникации

Европската унија започна истрага за можно протекување информации откако пристигнала пријава дека група хакери ги следела дипломатските комуникации на унијата веќе неколку години.

„Свесни сме за овие наводи и активно го истражуваме случајот“, велат од унијата во соопштение.

„Секретаријатот на советот нема да дава коментари за овие наводни обвинение ниту пак за било каква истрага во тек“, додаваат од ЕУ.

Во вторникот „Њујорк Тајмс“ соопшти дека група хакери била инфилтрирана во мрежата за дипломатски комуникации на ЕУ околу три години.

„Техниката користена од хакерите во овој тригодишен период е слична на онаа користена од страна на елитните единици на Народната ослободителна војска на Кина“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: