20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ претстави серија мерки ако Велика Британија го напушти блокот без договор

Европската Унија претстави серија мерки за ограничување на воздушниот сообраќај, финансиските услуги и трговијата, ако Велика Британија го напушти блокот без договор.

Европската комисија која го координира европскиот одговор на брегзит, ги повика членките на ЕУ да им дозволат на британските државјани кои живеат во нивните земји да останат таму и да продолжат да работат по 29 март, кога Велика Британија би требала да ја напушти Унијата.

Мерките на комисијата се однесуваат на транспортот, финансиските услуги, царинските и граничните контроли, оданочувањето и климатските промени, и за нивно усвојување потребна е поддршка од страна на Европскиот парламент и 27-те земји кои остануваат во ЕУ.