18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Фејсбук им дозволил на големите технолошки компании да читаат мејлови на корисници

Фејсбук на најголемите светски технолошки компании со години им дозволувал пристап до личните податоци на одделни корисници, а тој пристап бил значајно поголем отколку што тоа го презентирале во јавноста, пишува „Њујорк тајмс“.

Според податоците до кои дошол „Њујорк тајмс“, а кои се протегаат на документ од стотина страници, Фејсбук имал посебни договори со одредени компании. Во списите кои од страна на дел од компаниите, кои се занимаваат со соработка со други компании настанале во 2017 година, се овозможува најцелосен увид во тоа како Фејсбук делувал по прашање на делење на податоци за корисниците.

Тие списи, како што пишува „Њујорк тајмс“, покажуваат како податоците за корисниците станале една од најпосакуваните стоки за трговија во дигиталната доба.Со нив на големо се тргува во Силиконската долина, но и надвор од неа.

Размената на податоци на корисниците требало да им користи на сите. Фејсбук во тоа време постојано растел, добивал на бројност на корисници и се повеќе заработуваше на реклами. Партнерските фирми добиле карактеристики кои ги правеле поатрактивни, а корисниците на Фејсбук се поврзувале со пријателите преку разни сајтови и уреди.

На тој начин, Фејсбук стекна неверојатен монопол над личните податоци на речиси 2,2 милијарди луѓе, а управувањето со тие податоци не било транспарентно.

„Мајкрософт“, „Нетфликс“, „Спотифај“, „Амазон“ и „Јаху“ можеле без дозвола на корисниците на Фејсбук да имаат увид во нивните лични податоци и во нивните пријатели.