14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВРАБОТУВАЊЕ

МНР вработува дипломати: Висока плата, а се’ што треба е да се биде млад

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најави дека до крајот на годинава ќе бидат објавени огласи за вработување на млади дипломати и за помошно-стручни службеници.

„Еден од главните приоритети и заложби на Министерството, како и на министерот Никола Димитров, е развивање на компетентна, квалитетна и професионална дипломатија, подготвена да одговара на современите предизвици и суштински да придонесува кон исполнување на стратешките цели на Република Македонија. Во тој правец, клучна е објективна селекција на високо перспективни млади кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија“, велат од МНР.

Од таму додаваат дека за конкретните постапки и претстојни фази во процесот на селекција на кандидати, кои ќе се спроведуваат на почетокот од наредната година, јавноста ќе биде навремено и прецизно известувана.

Со цел навремена подготовка на заинтересираните кандидати, МНР напоменува дека иницијално потребни документи при пријавувањето на огласот за вработување на млади дипломати се:

– Доказ за државјанство на Република Македонија – (уверение за државјанство)
– Доказ за општа здравствена способност за работното место – (лекарско уверение за вработување)
– Дипломите од последниот степен на образование, претходни степени на образование (сведителства од средно образование од сите години), дипломи од магистратура или докторат и сл., како и документот за нострификација и еквиваленција за оние кандидати кои своето образование го завршиле во странство
– Изјава заверена на нотар дека не е член на орган на политичка партија на републичко ниво
– Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
– Меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
– Потврда за работа со програми за канцелариско работење
– Други форми на стручно образование, дипломи или сертификати, разни препораки, потврди за волонтерски стаж, изјави или други документи кои ги поседувате и кои се од интерес за работното место.

Прецизирање на потребните документи ќе следи во огласот за вработување. Условите за вработување на помошно-стручни службеници се различни и ќе бидат дополнително објавени.

Спонзорирано: