8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Млада професорка пронајдена мртва, била силувана и задавена

Убиство на 26-годишна девојка предизвика бес во Шпанија, јави Би-би-си. Делумно голото тело на Лора Луелмо, кое било пронајдено покрај селото Ел Кампило, во јужниот дел на земјата, по петдневна потрага. Целиот случај уште е под истрага.

Девојката се доселила на југот од земјата, каде ја добила својата прва работа за постојано, како професорка. Ова убиство повторно предизвика расправа за насилство над жените во Шпанија.

Шпанското општество е многу чувствително по прашањето за насилство над жените. Минатата година земјата ја шокираше случај во кој петмина мажи беа обвинети за сексуално злоставување на девојка за време на фестивал во Памплона, кој се одржа во летото 2016 година. Мажите на возраст од 27 до 29 години, петмината биле осудени на 9 години затворска казна, поради сексуално злоставување на 18-годишна девојка.

Луелмо исчезнала минатата среда, а во потрагата по неа учествувале над 200 луѓе. Нејзиното тело било пронајдено во ниска шума, а биле пронајдени и знаци кои упатуваат на сексуално насилство. Исто така се чини дека се обидела да се одбрани, а првите информации се дека била задавена. Добила удар во главата. Била пронајдена со помош на сигналот од мобилниот телефон.

Нејзиното ичсезнување го пријавиле родителите на младата девојка, откако не им одговорила на нивните повици. Се уште никој не е приведен.

Спонзорирано: