16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.Mk/Ј.С.
МАКЕДОНИЈА

Грчки професор смета дека Македонија е клучна држава за зачувување на регионалниот баланс на моќ

Во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции и Факултетот за безбедност – Скопје, беше организира настан на тема ,,Придобивките за Република Македонија од евроатланските интеграции“. Целта на настанот беше да се поттикне аргументирана дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и да се разгледаат позитивните аспекти од членството во ЕУ и НАТО.

На настанот говореа Никола Дујовски, декан – Факултет за безбедност, Николета Ѓукановиќ од Црна Гора и Сотирис Сербос, Демократиус Универзитет на Тракија – Грција.

Дујовски, кој ја отвори дебатата, потенцираше дека се надева дека со оваа дебата во овие клучни периоди ќе се даде поддршка на овој значаен процес за државата, имајќи предвид дека евроатлантските интеграции се најважниот процес низ кој државата плови, а токму сега сме во фаза кога сето тоа треба да е заокружено. Сега е вистинско време процесот да се приближи до граѓаните и да се разбере колку многу државата може да добие од членството. Според него, важно е овој процес да се гледа низ призмата на безбедноста, стабилноста, економскиот развој и вкупната промена на општеството кои се клучните постулати на коишто во наредниот период треба да посветиме внимание.

Професорот Сотирис Сербос од Грција, кој има работено како специјален советник во повеќе министерства во Грција, смета дека во моментов има одлична можност за цврсто приклучување на државата кон западот. Според него, ние сме клучната држава за зачувување на регоналниот баланс на моќ, а тоа е бидеjќи доколку пропадне целиот овој напор, иако патот е долг и тежок, и доколку не успееме со овој процес регионалниот баланс на моќ на среден но и долг рок е неодржлив. А според него тоа ќе придонесе државите порано или подоцна да ги ревидираат своите стратегии околу националните интеграции. Токму затоа, според Сотирис, е многу важен договорот од Преспа зошто тој ги отклучува евроатланстките аспирации на државата.

Ѓукановиќ од Црна Гора ги истакна клучните придобивки и аспекти од пристапните процеси на Црна Гора во НАТО, но и на тоа како пристапувањето кон НАТО го потпомогнал и процесот на пристапување кон ЕУ. Ѓукановиќ ја истакна и важноста на јавните дабати со граѓаните за позитивните страни, но и обврските кои произлеговаат од членството во НАТО. Особен акцент беше даден и на тоа која е разликата во Црна Гора откако е членка, во поглед на клучните елементи на напредок на државата, зголемените инвестиции, како и подобрената безбедносна, политичка и економска кохезија.

На дебатата покрај панелистите учествуваа и останати меѓународни и домашни експерти и практичари, претставници на меѓународната заедница, како и Канцеларијата за врски со НАТО.

Инфо центарот за евроатлантски интеграции беше отворен во понеделникот во Скопје и истиот ќе се обиде да го пополни недостигот од информации за предностите и потенцијалните недостатоци од пристапувањето во НАТО и истовремено ќе нуди простор за аргументативна дебата за влез на државата во НАТО. Инфо центарот има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето на граѓаните за евроатлантските интеграции.

Спонзорирано: