5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај го одби Брисел: Помина тоа време

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај и формално го одби предлогот на Брисел за привремено укинување на таксите за увоз на прозводите од Србија и Босна и Херцеговина.

„Помина времето кога такви прашања можеа да бидат решени со условувања“, напиша Харадинај до шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Писмото го објави „Газета експрес“, непосредно пред состанокот на косовскиот премиер со бриселските функционери.

„Дваесет години по војната на Косово, десет години по прогласувањето на независноста и пет години по бриселскиот договор, вистина е дека напредокот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија е минимален и всушност целосно е сопрен“, пишува Харадинај.

Тој додаде дека е потребна нова иницијатива за подигнување на дијалогот на ниво на кое клучните прашања ќе бидат вкучени во поширок договор.