22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Амнестија по завршување на судскиот процес

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени.

„Разбирајќи ја потребата за компромис, вклучително и носење на закон за амнестија, укажуваме дека мора да се почитува принципот на презумпција на невиност и воздржување од упад на законодавната во судската власт, особено поради тоа што судскиот процес за 27 април 2017 година е во завршна фаза.

Доколку предвреме се донесе законот за амнестија, тешко ќе се откријат сите инволвирани во крвавиот четврток и обидот за државен удар, а ‘селективната’” правда дополнително ќе го охрабри Ѓорге Иванов, да донесе одлука за аболиција на организаторите и насилниците“, соопшти партијата.

Демократскиот сојуз сугерира прво да се заврши судскиот процес, а потоа да се разгледа можноста за амнестија, со тоа што законот за амнестија да стапи во сила едновремено со изгласувањето на уставните промени.

Поради сето ова, Демократскиот сојуз укажува дека целокупниот процес треба да се води доста претпазливо и одговорно за да не се сруши владеењето на правото и правната држава, како основни предуслови за продолжување на евро-атланските процеси.

Спонзорирано: